Според истражувањето што го спроведе EasyJet, дури 65% од Европејците планираат да резервираат патувања оваа година, и покрај пандемијата и неизвесностите во врска со сегашните ограничувања на движењето.
Анализата објавена минатата недела покажа дека од вкупниот број на корисници кои веќе резервирале летови за 2021 година (14%), повеќе од половина (56%) планираат да резервираат билети и оваа година, што покажува силна желба кај Европејците да патуваат во текот на 2021 година годин.
„Знаеме дека има заостаната побарувачка – го гледавме тоа секогаш кога ќе имаше олабавувања на рестриктивните мерки, но ова истражување дополнително го потенцира интересот на луѓето да патуваат што е можно побрзо“, изјави извршниот директор на EasyJet, Џон Лундгрен.
Анкетата е спроведена во средината на јануари на 5.000 европски потрошувачи, кога земјите ширум континентот ги спроведуваа или преиспитуваа рестриктивните мерки и беа во рана фаза на кампања за вакцинација, пишува магазинот Travel.
Затоа, се проценува дека намерата за патување, и покрај пандемијата, ќе се зголеми уште повеќе откако мерките ќе се релаксираат и вакцинацијата е во последната фаза.
Од испитаниците кои сè уште не резервирале патување, мнозинството (82%) велат дека чекаат поголема сигурност за укинување на ограничувањата за патување.