Home ИНТЕРЕСНО Disney отпушта 32.000 вработени поради коронавирусот

Disney отпушта 32.000 вработени поради коронавирусот

0
Disney отпушта 32.000 вработени поради коронавирусот

Компанијата претходно во септември објави дека наскоро може да има 28.000 отпуштања на вработени поради намалениот број посетители при пандемијата.

Тематските паркови на Disney во Флорида и оние надвор од САД, повторно се отворени, но со воведени строги мерки на физичко растојание, често тестирање на вработените и задолжително носење заштитни маски. Така, во овие комплекси не е забележано некое поголемо жариште на вирусот.

Дизниленд во Париз е затворен бидејќи Франција воведе карантин на национално ниво кон крајот на минатиот месец. Тематските паркови во Шангај, Хонг Конг и Токио сѐ уште се отворени.