Home МАКЕДОНИЈА Гужва за вакцинација во Поликлиниката Чаир

Гужва за вакцинација во Поликлиниката Чаир

0
Гужва за вакцинација во Поликлиниката Чаир

Долги редици за вакцинација против коронавирусот во Поликлиниката Чаир.

Министерството за здравство денеска информираше дека надминати се еден милион аплицирани дози.

„Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454.788 граѓани. Интересот за вакцинација од пред два дена е значитечно зголемен“, додаваат од таму.

Инаку, од вчера се отворени и дополнителни четири пункта за имунизација против ковид-19.

Тие се Поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров.