Ворен Бафет, познат филантроп и човек кој вети дека ќе донира 99 проценти од неговото проценето богатство од 86 милијарди долари во добротворни цели, ја напушти својата позиција во фондацијата Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, не сакајќи да ги открие причините за тој потег.
Како што накратко објави филантропот, кој се обврза да донира дури 99 од своето богатство, тој веќе подолго време е „неактивен член на Фондацијата“, поради што решил да се повлече од истата. Тој додаде дека целосно го поддржува извршниот директор Марко Сузман и дека нивните цели „се совпаѓале 100 проценти“, но дека тој едноставно повеќе не се гледал во таа организација.
И покрај тоа, Бафет најави дека ќе донира 4,1 милијарди долари на Фондацијата Гејтс и четири сестрински добротворни организации, односно 15,2 милиони вредни акции на неговата компанија Беркшир Хатавеј, што е дел од неговото ветување дека ќе донира поголем дел од богатството.
Патем, од 2006 година, Бафет донираше повеќе од 41,5 милијарди акции на Беркшир, а 32,7 милиони отидоа во фондацијата Гејтс.
– Низ многу децении собирав скоро неразбирлива сума едноставно правејќи го она што го сакам. Компанијата има корист од моите пари, јас не – рече Бафет порано.
Откако ја објави одлуката на Бафет, Гејтс му се заблагодари на филантропот за долгогодишното пријателство, истакнувајќи дека тој секогаш ќе има длабоко чувство на одговорност кон него.
Да не донираше Бафет поголемиот дел од своето богатство, неговата вредност ќе беше приближно еднаква на вредноста на Џеф Безос, основачот на Амазон, кој е најбогатиот човек на светот, според списанието Форбс.