Генерали Инвестментс АД Скопје, се придружува на Инвеститорскиот ден инициран од страна на Македонската Берза АД Скопје на кој се приклучија Централниот регистар, Комисија за хартии од вредност , ЦДХВ и осумте членки на Берзата. Од компанијата информираат дека им овозможуваат на клиентите да вложуваат во отворените инвестициски фондови кои ги управува Друштвото без влезни провизии.
Компанијата ги поканува сите заинтересирани нови и постојани вложувачи да се информираат за производите и да ја искористат оваа можност. Ова е доволен предизвик и предуслов за оние кои биле во двоумење да започнат со инвестирање.
Генерали Инвестментс е основана во 2008 година под името КД Фондови. Нејзиниот основен бизнис е управување со средства, односно остварување финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Управува со 4 инвестициски фондови со 34 милиони евра со приближно 2.000 клиенти. Во февруари 2019 година, Друштвото КД Фондови се приклучи кон Групацијата Generali.
Generali е една од најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства. На глобално ниво управува со 630 милијарди евра глобално и 23 милијарди евра во земјите на Централна и Југоисточна Европа поради што е една од најголемите компании за управување со средства во овој регион.