„Мермерен комбинат” од Прилеп ќе распредели над 8.03 милиони евра (494.456.253 денари) за дивиденда за 2019 година.
Компанијата преку Македонска берза соопшти дека за ова треба да го одобри и Собранието на кационери на седница која ќе се одржи на 16 октомври.
Дел од акумулираните добивки на Друштвото остварени пред 2019 и остварени во 2019 година во вкупен износ од 494.456.253 денари ќе се рапределат како дивиденда за обични акции. Износ на бруто дивиденда за 1 (една) обична акција изнесува 1,71 EUR (1 EUR = 61,695 денари). Средствата за дивиденда за обични акции ќе се распределат во пари”, информираат од компанијата.
Исплатата на дивидендата треба да започне на 02.11.2020 година и ќе се изврши согласно позитивните законски прописи.
Прилепската компанија е во доминанта сопственост на две странски правни лица. Мнозински сопственик е холандската компанија која работи со производство и продажба на мермер „Стоун воркс Холдинг Кооператиф” кој поседува 89,25 отсто од акциите со право на глас и грчката „Пиреус банка” која како старател управува 10 отсто од акциите на компанијата.