Досегашните мерки на владата на Македонија за надминување на големите штети како последица на пандемијата која ја предизвика вирусот ковид-19 беа поздравени од бизнис секторот и од граѓаните. Покрај големиот публицитет кој се даде на овие мерки преку владините медиуми објективно анализирано тие само делумно ги реализираа очекувањата на компаниите и на граѓаните.

Објективната анализа на овие мерки ќе исфрли на површина дека главната мерка за исплата на плата во износ од 14.500 денари пред се се искористи од големите странски компании кои се активни во индустриско-технолошките зони, компании кои се ослободени од сите фискални давачки и кои се помалку погодени од ковид 19.
Објективно гледано ова мерка како и мерката за субвенционирање на 50 отсто од придонесите на бруто плата требаше да се однесуваат пред се на микро и малите компании кои се претежно семејни бизниси и кои немаат финансиска поддршка од банките и имаат перманентен проблем со продажбите и со ликвидноста.

Истовремено предуслов да компаниите кои имаат покажано загуба во своето работење во текот на 2018 и 2019 година да немаат право на ваква финансиска помош е стратешка владина грешка бидејќи тие компании имаат најголема потреба од покривање на трошоците на платите и како последица на негативното работење и како последица на големата неликвидност со која се соочуваат. Препорачуваме овие критериуми да се елиминираат и сите компании да имаат ист третман независно од економските резултати во претходните години бидејќи голем број на компании во Гостивар поради овие критериуми не се во можност да ја користат ова привремена финансиска помош на владата.

Kонстатациите на одредени претставници на власта како она на министерката за финансии дека со ова мерка се сочувани 140.000 работни места е сосема паушална и без никакво покритие, бидејќи овие мерки се краткорочни за април, мај а можеби и поради изборите и за јуни, по што ќе престанат да важат.

Со чинот на престанување на важноста на овие мерки овие работни места ќе бидат изгубени бидејќи на повидок е нов бран на пандемијата, додека владата нема доволни финансиски средства во државниот буџет за да продолжи со финансиската асистенција. Издвоените кредитни средства од 8 милиони евра преку Развојната Банка и дополнителните 50 милиона евра преку комерцијалните банки наменети за компаните се минимални во однос на другите земји и далеку се од неопходните средства за осигурување на минималната ликвидност на компаниите.
Препорачуваме ова година сите буџетски средства кои се наменети за капиталните расходи од буџетот на земјата и за другите трошоци кои се наменети за не економскиот сектор да се ориентираат за помош како грантови или долгорочни бескаматни кредити на компаните за така делумно се ублажи неликвидноста на компаниите.

Давањето на платежна картичка на 324.479 граѓани во вкупна вредност од 28 милион евра или во поединечна вредност од 3.000 денари, 6.000 денари или 9.000 денари е пред се во функција на претстојните избори и не го решава големиот социјален проблем на овие граѓани и семејства.
Имајќи предвид дека ковид пандемијата ќе продолжи во текот на ова можеби и наредната година има потреба од поголема координираност на бизнис секторот, банките и владата во функција на изнаоѓање на најдобрата комбинација за помош на компаниите и за намалување на загубите и сочувување на работните места бидејќи деловниот сектор нема ресурси тоа го до реализираа со сопствени ресурси.

ПРЕКУМегди Ајдари
ПРЕТХОДНА ВЕСТПетринин: Капитал Банка остварува позитивни резултати, фокусот е ставен на претпазливо кредитирање и наплатата на побарувањата
СЛЕДНА ВЕСТПоддршка на иновативно претприемништво наместо реиндустријализација