По која цена ќе се вози оваа недела, денеска ќе каже Регулаторната комисија за енергетика.

Не се знае дали ќе има ново поскапување на горивата, но цената на нафтата на светските берзи е во нагорна линија,

Минатиот понеделник РКЕ донесе одлука за зголемување на цената на дериватите, при што за половина денар поскапеа бензините, додека цената на дизелот се зголеми за еден денар за литар.

РКЕ ја одредува максималната цена по која може да се продаваат горивата и тоа според движењето на цените на нафтата на светските берзи и на доларот во однос на денарот.

ПРЕТХОДНА ВЕСТДо 2024 година светот го очекува финансиска катастрофа поради Ковид-19
СЛЕДНА ВЕСТЦелта е 20% вакцинирани во светот до крајот на годината