Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало пораснале за 0,4 проценти. Во однос на август 2020 година, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 проценти.

Според Државниот завод за статистика, пораст на на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15,8 отсто, сирењето и урдата за 1,1, месото за 0,9, лебот и житата за 0,7, млекото за 0,6, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, како и прехранбените производи, неспоменати на друго место, жестоките пијалаци за 0,2 отсто.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 8,4 проценти, гасот за домаќинствата за 5,6, туристичките пакет-аранжмани за 3,1, услугите за рекреација и спорт за 2, домашните миленици и сродните производи за 1,1, велосипедите за 0,9, моторните возила за 0,7, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, услугите за сместување за 0,6, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,5, мебелот и покуќнината, малите електрични апарати за домаќинствата, патниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4, ткаенините за изработка на облека, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена, другите услуги неспоменати на друго место за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите, свежото и разладеното овошје за 0,7 отсто.

ПРЕТХОДНА ВЕСТУкраина го легализира биткоинот
СЛЕДНА ВЕСТЦените на становите зголемени за 4%, нема најава за поевтинување и покрај над 5.000 непродадени нови станови