Богатите претприемачи во Белика Британија стравуваат од претстојното зголемување на даноците во државата – највисоко за изминатите 60 години. Тоа се податоци на анализа на швајцарската банка Laobard Odier.
Повеќе од две третини од вкупно 250 од нив стравуваат од најавите за зголемени даноци на богатство. Над 50 отсто од анкетираните сметаат дека е потенцијален проблем зголемувањето на корпоративниот данок и врз трансферите на богатство, јави Блумберг.
Во март властите претставија план за брза обнова на екномијата од пандемијата што на краткорочно се бара поддршка за бизнисите и нови инвестиции. Но, на долгорочен план, се предвидува најголемо зголемуивање на даноците за физички лица и за компании.
Според плановите, даночното оптоварување ќе достигне 35 отсто од БДП, што е највисоко ниво од 60-те години на минатиот век. Според плановите за 2023 година, данокот на добивка ќе се зголеми од 19 на 25 проценти, што ќе гарантира дополнителни приходи во државниот буџет во износ од 17 милиони фунти годишно. Од друга страна, Министерството за финансии објави дека компаниите, што ќе направат големи инвестиции во наредните години, ќе добијат даночно олеснување. зш/
Лондон, 15 јуни 2021 (МИА)