По речиси едномесечна пауза поради борба со ковид-19, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се врати на работа.
-Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Благодарност до лекарите за посветеноста во која се уверив на инфективна клиника…, објави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кај кого пред речиси еден месец беше констатиран ковид-19, а поради влошената состојба беше и хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
„Битката е заедничка – чувајте се, носете маска, заедно ќе го победиме ковид-19“, напиша Спасовски на Фејсбук.