Најбогатиот човек на светот од денес е францускиот моден тајкун Бернар Арно, кој го престигна сопственикот на Амазон, Џеф Безос, на врвот на листата на најмоќни луѓе во светот.

Списанието Форбс го проценува богатството на Арно на 186,3 милијарди долари, што е за 300 милиони долари повеќе отколку што има Безос.

До промена на врвот се случи, така што, Арно, кој беше „тежок“ 76 милијарди долари во март минатата година, скокна за уште 110 милијарди долари денес благодарение на бизнисот на неговата „Луи Витон Груп“ (LVMH), чии членови се „Фенди“ “Кристијан Диор”, “Џиванши”.

Вредноста на LVMH се зголеми за 0,4 проценти, со што Арно заработи 600 милиони долари, а групацијата 320 милиони долари.

На трето место е сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, чие богатство се проценува на 147,3 милијарди долари.

ПРЕТХОДНА ВЕСТСе зголемува интересот за вакцинација против Ковид-19, граѓаните да се пријавуваат за да добијат термин
СЛЕДНА ВЕСТПрогресивен, но и кризен данок – разгледува Владата