На релацијата Скопје-Киев од 6 декември (недела) се воведува редовна авиолинија. Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Северна Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE.
Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.
-Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Северна Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Кијив-Скопје-Кијив!, соопшти денеска Амбасадата на Украина во Скопје.