Цените на нафтата на меѓународните берзи се во пораст и се приближија до 72 долари за барел.

На берзата во Лондон денеска барел нафта се тргуваше за 71,81 долар што е раст од 18 центи, а речиси во исто време барел нафтата во САД чинеше 68,67 долари.

Трговците денеска го чекаат исходот од состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, на кој треба да се разговара за производствената политика. ОПЕК плус во јуни одлучи да го зголеми производството на нафта за 400.000 барели дневно од крајот на летото до крајот на годината, но САД побараа зголемувањето да биде пообемно за да не се загрози обновата на светската економија од коронакризата.