Холандија објави дека од утре ќе ја стави Македонија на листата земји каде што постои многу висок ризик од зараза со коронавирус, при што за македонските државјани се воведуваат нови драстични ограничувања за влез во земјата.

Целосно вакцинирани македонски државјани и натаму ќе можат да влезат во Холандија, но сепак прво ќе мора да одат во задолжителен десетдневен карантин. Тоа важи од 4 септември.

Од 6 септември, пак, правилата за влез во Холандија дополнително ќе се заострат. Покрај вакцина и карантин, од патниците ќе се бара и негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, односно негативен антиген тест не постар од 24 часа. Властите потенцираат дека потврда за вакцинирање или за прележан ковид-19 веќе нема да биде доволна сама по себе.

Покрај Македонија, како земји од многу висок ризик се означени и Косово, Израел, САД и Црна Гора.