Прашање на време е кога становите во метрополата ќе почнат да одат надолу. Причина за тоа ќе бидат празните станови кои зјаат во новоизградените згради кои во Скопје никнуваат како печурки.

Дел од експертите се со мислење дека надуениот балон со цените во Скопје ќе почне да пука а цените ќе доживеат пад, анализира marketing365.mk.

Анализата вели дека цените на становите во Скопје ќе почнат да се намалуваат со оглед на тоа што сегашните цени се реално недостапни за повеќето од граѓаните, и истите не се скапи поради логиката на понуда и побарувачка туку поради материјалите кои се користат за градба а истите тие на светско ниво одат кон стабилизирање па оттука и можното намалување на цените на станови.

На огласите за реклами може да се забележат и примери на една цена па пречкртано и наведена нова поевтина цена за становите па извесно е цените да паднат но е прашање на време .

Стан во Скопје од 70 квадрати за 30.000 евра: Се прошируваат списоците на евтини недвижнини