„Нордвинд ерлајнс“ отвара нова авиолинија од 21 септември. Ќе лета од Скопје за Санкт Петербург.

По линијата Скопје-Москва, ова ќе биде втора редовна линија на рускиот превозник од главниот град на Македонија, а летовите за Санкт Петербург секој вторник.

Цените на билетите ќе почнуваат од 80 евра, а летот ќе трае 3 часа и 25 минути.

Поаѓањето од Скопје е во 14:40 часот, а пристигнување во Санкт Петербург во 18:55 часот, додека поаѓањето од Санкт Петербург е закажано за 11:10 часот, а пристигнувањето во главниот град на Македонија е во 13:35 часот.

Од авиокомпанијата велат дека ќе ги зголемат и двата неделни лета Скопје-Москва на три неделно, почнувајќи од 28 септември.

ПРЕТХОДНА ВЕСТАлибаба им дава на граѓаните 15 милијарди евра
СЛЕДНА ВЕСТГлобалните цени на храната се кренаа по двомесечен пад