17, 8 милиони евра изнесува сумата која се издвои како помош за најпогодените сектори од корона кризата.
Со седум мерки кои се содржани во пакетот ќе им се помогне на десет илјади компании или околу 60 000 работници.
Деталите околу јавните повици за овој пакет мерки денес ќе ги соопштат министерот Бектеши и генералниот секретар од Владата Мухамед Зеќири.