Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во ажурираниот извештај во октомври проценува дека македонската економија годинава ќе ја заврши со пад на домашниот бруто-производ од минус 5,4 отсто што е зголемување во однос на априлските проекции кога се предвидуваше пад од минус 4 отсто.

Подобри бројки очекуваат наредната година, кога БДП би остварил раст од 5,5 отсо. Годинава би ја завршиле со инфлација од 0,9%, и дефицит на тековната сметка од 4,7%.

ММФ смета на намалување на светскиот БДП за 4,4 отсто, односно 0,8 отсто помалку од проценките соопштени во јуни.

Во однос на групата економии во развој и во појавување во Европа, каде што е сместена заедно со уште други 15 земји (Албанија, Белорусија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Турција и Украина), Македонија според овие наајнови процени е некаде на средината.

Најмал пад годинава ММФ предвидува за Србија, чиј БДП се очекува да биде минус 2,5 отсто, потоа Белорусија минус 3 и Полска минус 3,6 отсто.