Врховниот суд на Италија донесе одлука вработените во угостителството да плаќаат данок на бакшиш, што се смета за дел од приходите на работниците, поради што подлежи на оданочување.

Како што пишуваат италијанските медиуми, бакшишите се заработуваат врз основа на ефикасноста при работа, па затоа ќе се пресметуваат како приход „врз основа на впечатокот што го оставил вработениот“.

Одлуката на Врховниот суд дојде по жалбата на Агенцијата за приходи против вработената во луксузен хотел на островот Сардинија, која е обвинета за неплаќање данок, откако заработила 83.650 евра од бакшиш за една година.

Судот се повика на членот 51 од Законот за данок на доход, кој воведе сеопфатен поим за приходот на вработените, така што приходот повеќе не е ограничен на платата обезбедена од работодавачот.

Ваквата одлука на судот предизвика паника кај угостителите, кои им даваат на келнерите минимална плата, па дури и минимални тарифи за час. Тие сметаат дека со бакшишите келнерите ќе стигнат до повисок приход.

Во Италија, се уште има недостаток на келнери, а по ова тие се плашат дека уште потешко ќе ги најдат, или дека келнерите ќе инсистираат на пристојни плати, на кои работодавачите плаќаат повеќе даноци и придонеси отколку преостанатиот вработен. Угостителите тврдат дека државата, на крајот, ќе добие помалку, а не повеќе, пишува „Јутарњи лист“.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЦената на гасот во Европа незапирливо расте
СЛЕДНА ВЕСТЕКОНОМИЈАТА СЕ ДВИЖИ ВО ДОБАР ПРАВЕЦ: До крајот на годината минималната плата да изнесува 18.000 денари