Министерот за здравство Венко Филипче денес рече дека засега не се планира воведување полициски час, откако вчера се објави таква информација во медиумите.

„Засега нема да има полициски час. На вчерашната седница на Владата, донесовме уште една мерка, дека е забрането преку цел ден групирање на повеќе од четири лица на јавен простор и доколку се почитува и новата мерка за забрана од групирање, нема да има потреба од полициски час“, рече Филипче пред скопската поликлиника „Јане Сандански“ откако денеска започна редовната вакцинација за грип.

Тој додаде дека мерката за забрана на групирање нема да важи на места како пазар и јавен превоз, и секаде каде што веќе има јасни протоколи за работа, како спортски натпревари.

„Целта на оваа мерка е да нема групирање на јавни површини, пред сè во паркови. Кога ќе се затворат угостителските објекти после 21 часот, луѓето беа групирани пред објектите. Викендов имаше огромни групи во парковите преку ден, а токму тоа сакаме да го спречиме“, кажа министерот.

Според него,  доколку има потреба може да се воведат рестрикции во одредени региони, прекинување на меѓуградскиот и општинскиот превоз, но повтори дека засега нема потреба од тоа.

Министерот кажа и дека има место во болниците, дека смртноста е висока и низ цел свет како и кај нас, а на новинарско прашање зошто во државните болници кај заболените од ковид-19 не се користи третман за прочистување на крвта, како во приватните клиники.

„Нема медицински доказ дека тој треман помага за оваа болест“, рече министерот.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЗагаденоста на воздухот е причина број 1 за смрт на Балканот
СЛЕДНА ВЕСТМекдоналдс го развива Мекплант – растителна фарма за вегетаријанци