Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел денеска по состанок со лидерите од Западниот Балкан во рамките на Берлинскиот процес, а на кој учествуваа и земјите членки на ЕУ – Франција, Австрија, Грција, Хрватска, Словенија, Италија, Бугарија, како и претставници на Унијата, а на кој домаќин беше Германија. Меркел освен прашањето Макеоднија – Бугарија како тешкотиите со кои во моментов се соочува регионот ги наведе и спорот меѓу Србија и Косово, но и состојбата во Босна и Херцеговина.

„Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Северна Македонија и Грција преговараа за името. (Откако се реши спорот) Северна Македонија стана членка на НАТО, но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ“, рече Меркел.

За Меркел членството на шесте земји во ЕУ е геостратешки интерес, додавајќи дека во интерес на самата Унија е да го забрза тој процес за да спречи надворшни влијание во регионот.

Меркел одговарајќи на новинарско прашање за позицијата на Франција по прашањето на проширувањето рече дека францускиот претседател Емануел Макрон, на состанокот јасно застанал зад перспективата за членство на Западниот Балкан во ЕУ, а додеа дека освен во Франција и во Холандија и во Германија некогаш кон регионот се поставуваат високи барања. Таа повика Конференцијата за иднината на Европа да го даде одговорот на прашањето: Кога ЕУ повторно ќе биде подготвена за проширување.

Таа на прес-конференцијата ги спомена и придобивките од Берлинскиот процес за регионот како што е проектот на заедничкито регионален пазар на кој во моментов се работи, но и регионот без роаминг, како и формирањето на соработката меѓу младите.

Генералната оцена која ја даде денеска Меркел е дека во последните седум години Берлински процес ги забрзал промените во регионот, но оти е се уште има работа и потребно е преземање активности, пред се во борбата против корупцијата. Истовремено таа призна дека пристапиот процес на земјите од регионот трае подолго и е побавен отколку што многумина се надевале.

Меркел по самитот со лидерите од Западниот Балкан најави и три милиони дози вакцини за земјите од регионот, како помош за справување со корона кризата.

ПРЕТХОДНА ВЕСТПописот ќе се спроведе од 5 до 30 септември, нема ново одложување
СЛЕДНА ВЕСТМакедонија со 130 активни случаи на ковид-19, од 12 јули вакцини без закажување