
Преселбата на Лионел Меси во Пари Сен Жермен е топ тема во фудбалскиот и светскиот спорт во овој момент.
Човекот кој повеќе од две децении беше дел од Барселона беше принуден да си замине од „Камп Ноу“, а од понудите кои ги доби одлучи да ја прифати онаа на ПСЖ. Со неговото доаѓање и ангажмаот на уште неколку други имиња во овој преоден рок, плус стародеселците од ПСЖ се очекува да „гази“ во оваа сезона не само во Франција туку и во ЛШ.
Меѓутоа фудбалето е колектив спорт, па легендарниот Оливер Кан коментирајќи го трансферот на Лео и моќна на ПСЖ за Кикер изјави:
-Прашањето е дали ќе успее? Дали навистина ќе функционира? Дали сите овие играчи ќе можат да се усогласат еден со друг? Ќе биде многу возбудливо. Ќе мора да почекаме и да видиме дали ќе успее да се создаде тим. Дали се ќе се вклопи, -рече Кан кој за пример ја зема Италија која летово ја освои титулата на ЕП.
-Може да видите еден бенд. Тие се добар пример. Имаат неколку големи имиња, но од првиот меч покажаа дека сакаат да бидат успешни како едно, -потенцира Кан.