Од денеска во Грција се укинуваат голем дел од рестрикциите воведени на 7 ноември лани, односно задолжителното испраќање смс пораки за секое движење на граѓаните и забраната за патување меѓу региони, полицискиот час дополнително се скратува, а се воведуваат правила за внатрешните патувањата со брод или авион кон островите.

Полицискиот час, наместо од 23 часот, ќе почнува половина час по полноќ, додека пак до крајот на месецов угостителските објекти и понатаму ќе работат без музика. Најавено е дека туризмот ќе се отвори со помош на потврда за вакцинација, за негативен тест или за прележан ковид-19.

ПРЕТХОДНА ВЕСТЗаеднички економски проекти на средбата на Заев и Битиќи со менаџментот на Атинската берза
СЛЕДНА ВЕСТКовид-19: Во Хрватска пробна свадба