Досега се вакцинирани 4.000 деца на возраст до 18 години во сите возрасни категории, а најмногу се вакцинираат на возраст од 16, 17 и 18 години,  Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот потенцираше дека вакцинацијата се одвива добро после најавените мерки, што, според него, е добар сигнал.

– Верувам дека истите трендови ќе продолжат. Минатата недела имаше денови кога достигнавме до бројка и до 8000 граѓани кои се пријавија да примат прва доза вакцина. Некаде 50 000 вакцини се дадени минатата недела, верувам дека тој тренд ќе продолжи за да со забрзано темпо се зголемува опфатот со вакцинација, која изнесува 35 проценти на територијата на целата држава. Процентот на вакцинирано население над 70 години од 63 порасна на 70 проценти и на граѓаните над 50 години од 45 до околу 50 проценти. Гледаме дека има голем број пациенти во градовите каде опфатот со вакцинација е понизок. Градовите каде има висок процент на вакцинирани се Охрид, Битола, Штип, нема пациенти со болниците, што верувам дека и натаму ќе остане така, истакна Филипче.

ПРЕТХОДНА ВЕСТСловенечките банки речиси го удвоија профитот во првата половина од годината
СЛЕДНА ВЕСТПронајдено безживотното тело на момчето кое завчера се удави во Вардар кај неготинско Пепелиште