Градот Скопје информира дека денеска и утре во раните утрински часови се одвиваше авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Од утре до петок во период од 22 до 03 часот наредниот ден, ќе се одвива и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот, против возрасни форми на комарци.

Како што соопштија од Градот, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Од Градот ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

ПРЕТХОДНА ВЕСТПолицијата вчера казни 599 возачи за пребрзо возење
СЛЕДНА ВЕСТФилипче: Ситуацијата е прилично стабилна, не се планираат дополнителни рестриктивни мерки