Почетна СВЕТ Делта сојот предизвика голем страв кај овие европејци-туристите ги откажуваат резервациите

Делта сојот предизвика голем страв кај овие европејци-туристите ги откажуваат резервациите

30

Во последните седум дена се преполови бројот на туристичките резервации во Италија за летувања во земјата и во странство поради стравувањата од ширење на делта сојот на коронавирусот

Во последните седум дена се преполови бројот на туристичките резервации во Италија за летувања во земјата и во странство поради стравувањата од ширење на делта сојот на коронавирусот, пренесува агенцијата Анса, повикувајќи се на извештај на Италијанската федерација на туристички работници и фирми (Фијавет).

Истовремено, расте бројот на Италијанците кои ги откажуваат резервациите и патувањата.

Ненадејниот пад на резервациите уследи по предупредувањето испратено од Министерството за надворешни работи до Италијанците кои живеат во странство, а повод е ширењето на делта сојот на вирусот и проблемите што ги имаат оние кои се заразени за време на нивниот престој во странство.

Околу 1.000 Италијанци, кои се на одмор или престојуваат во странство од други причини, се заразени и сега мора да останат таму каде што се во карантин.

Повеќето од нив се во Малта, Шпанија и Англија. За оние кои заминале на патување организирано од туристичките агенции, трошоците за лекување и карантин се покриени со осигурувањето, а оние кои самите го организирале патувањето, во случај на инфекција, ќе мора самите да ги сносат трошоците за лекување.

– Годинешниот летен одмор ќе биде во знакот на „last minut“, најверојатно луѓето ќе одлучуваат дали да тргнат на одмор или не во последен момент во зависност од епидемиолошката состојба. – изјав претседателката на Федерацијата на туристички работници и фирми, Ивана Јелиниќ.

ПРЕТХОДНА ВЕСТВремето денеска, нестабилно со дожд и грмежи
СЛЕДНА ВЕСТБизнис форум на компании од Северна Македонија и Косово