Home СВЕТ Данок на ковид-19: Стапката на невработеност во Франција се искачи на девет отсто

Данок на ковид-19: Стапката на невработеност во Франција се искачи на девет отсто

0
Данок на ковид-19: Стапката на невработеност во Франција се искачи на девет отсто

Стапката на невработеност во Франција драстично се зголеми во последното тримесечје од годината и сега изнесува девет отсто, покажуваат последните податоци на  Националниот институт за статистички и економски студии ИНСЕЕ.

За време на посочениот период, апсолутната бројна на невработени во Франција, според начинот на пресметување на Меѓународното биро за труд, се зголеми за 628.000 лица и стигна до бројката од 2,7 милиони.