Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководители дека рокот за поднесување на Барањата за финансиска поддршка образец БФП-ИП/2 и образец БФС-СВД/2 се продолжува до 12 ноември 2020 година. Продолжување на рокот од УЈП официјално побара Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија, поради реалната не можност да се испочитуваат пропишаните рокови.

„Согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачи погодени од здравствено –економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, и Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, барањата се поднесуваат до 10-ти во месецет за претходниот месец.Поради подоцнежна објава во Службен весник на РСМ на Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците и Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност, кои се основ за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 на веб платформата на УЈП, како и поради масовно поднесување на истите веднаш по поставувањето што придонесе до преоптоварување на системот, рокот за нивното поднесување се продолжува до 12 ноември 2020 година“, се наведува во соопштението од УЈП.

 

ПРЕТХОДНА ВЕСТДанок на ковид-19: Стапката на невработеност во Франција се искачи на девет отсто
СЛЕДНА ВЕСТСе реализира мерка од третиот пакет: 400 компании ќе добијат 17,2 милиони евра