Светските цени на храната за прв пат во изминативе 12 месеци почнаа да се намалуваат, при што најголемо намалување бележи маслото за јадење и житариците, соопшти агенцијата за храна на Обединетите нации. Во соопштението на ФАО е наведено дека жетвата на житарици ширум светот ќе достигне скоро 2,817 милијарди тони годинава, што е малку помала од претходната проценка, но сепак е на пат да достигне годишен рекорд.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство, кој ги мери месечните промени за кошничката со житни култури, маслодајно семе, млечни производи, месо и шеќер, минатиот месец во просек изнесуваше 124,6 поени наспроти ревидираните 127,8 поени во мај.

Индексот на цената на растителното масло на ФАО падна за 9,8% во јуни, делумно како резултат на падот на цените на палминото масло се вели во соопштението. Иако индексот на цените на житните култури падна за 2,6% во јуни, сепак на годишно ниво бележи раст од 33,8% на годишно ниво.

ПРЕТХОДНА ВЕСТСредба во МФ со бизнис заедницата за хармонизација на царинските стапки
СЛЕДНА ВЕСТНов „Џекпот турнир“ на 2WIN.MK од 08.07.2021 до 28.08.2021