За денар и половина се намали цената на дизелот, а од денеска за денар поевтини и Екстра лесното масло за домаќинства. Цената на бензините пак, останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Новата цена на дизелот е 66,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 66 денари.
Еуросупер БС-95 се продава по иста цена од 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се намали за 0,607 денар/килограм и сега изнесува 41,245 ден/кг.