„Им симнувам капа на сите домашни претприемачи кои и во услови на ковид стартуваа свои проекти и сакаат дополнително да инвестираат. Еве вашата земја е тука да помогне“, посочи Зоран Заев.

Вака премиерот Зоран Заев ги пофали домашните претприемачи кои инвестирале и покрај кризата предизвикана од коронавирусот.

„Целта е модернизација на процесите, а со тоа и подобрување на конкурентноста и можностите за извоз што ќе придонесе со отворање на нови работни места и задржување на постојните. Секоја инвестициска активност е од значајност за земјата и опорувањето на економијата“, истакнува Зоран Заев.

Четиристотини компании ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка. Со ова домашните компании сега се третираат еднакво како и странските, и тие добиваат поддршка од државата.

„Државата е тука да помогне во најтешките моменти заедно да ја пребродиме оваа криза, да излеземе посилни  и да продолжиме со позитивни трендови на новата развоја македонска економија“, додава Зоран Заев.

Исплатата ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на потпишување на договорите, а во текот на наредната недела ќе бидат повика сите 400 компании да склучат договор за финансиска поддршка.

Директната финансиска инекција, ќе им помогнеме на компаниите дополнително да растат, да се развиваат, што значи да ги задржат постоечките и да отворат нови работни места.

Вкупната инвестиција на овие 400 компании се проценува на 89,2 милиони евра.

ПРЕТХОДНА ВЕСТСе уште неизвесно дали Македонија ќе ги почне преговорите
СЛЕДНА ВЕСТВладата што може ќе продаде за да ја наполни државната каса