Зградата на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во која ова претпријатие никогаш не се всели е 13.937.448, а Владата ќе ја купи за таму да смести служби кои сега плаќаат кирија на приватни сопственици, објави Фактор.мк

Парите се обезбедуваат од средствата од пренамената во буџетот за годинава кој инаку е во вкупен износ од 1,3 милијарди денари,а минатата недела беше одобрена од страна на Собранието. Меѓудругото, дел од парите се и за купување на зградата од ПУИГ.

Обезбедени се и 620 милиони денари за купување зграда од акционерското друштво за стопанисување со станбен простор-ПУИГ, а со цел да се избегнат трошоците за закупнини и да се реши проблемот со сместување на вработените од државните органи, велат од Министерството за финансии.

Зградата која се наоѓа на улица „Филип Втори Македонски“ изградена е од сопствени средства на претпријатието. Во моментов е соодветна за вселување на неколку јавни институции кои би можеле да работат под условите кои ги овозможува објектот.

Целиот текст овде.