Се уште нема конечен договор и за пролонгирањето на крајниот рок за изградбата на автопатот Кичево – Охрид, објави Фактор.мк.

Информациите на порталот велат дека Владата веќе им испратила предлог анекс на договорот, но компанијата го одбила.

Проблемот, како што пишува порталот, се врзува со роковите на довршување, односно Владата барала Синохидро да довршува делница по делница и да ја пушта во употреба, додека пак кинеската компанија со тоа не се согласила.

Тие инсистирале во употреба да се пуштат сите заедно или пак прво две делници, а потоа останатите до крајниот рок.

Овие несогласувања резултирале анексот се уште да не е готов, иако беше најавено да биде пуштен на усвојување пред пратениците до крајот на минатиот месец.

ПРЕТХОДНА ВЕСТПродолжува расправата за ребалансот на Буџетот
СЛЕДНА ВЕСТПродолжени за уште една седмица актуелните правила за влез во Грција