Англиско-холандскиот гигант „Ројал Дач Шел“ соопшти дека во 2020 година заработката изнесувала 4,85 милијарди долари, што е пад од 71 отсто во однос на профитот од 16,5 милијарди во 2019 година.
Претходно, „Бритиш петролеум“ соопшти за загуба од 5,7 милијарди долари во 2020 година, што е прва загуба во изминатата деценија, а „Ексон“ пријави загуба од 22,4 милијарди долари.
Акциите на „Шел“ во текот на 2020 година го достигнаа најниското ниво. На 28 октомври минатата година една акција на „Шел“ вредеше 878,1 пени, оттогаш имаше зголемување на вредноста на акциите, но и понатаму се 40 проценти под вредносташто ја имаа кон крајот на 2019 година.
Нафтените компании бележат пад на приходите поради долготрајниот пад на побарувачката на енергенси за време на карантините воведен ширум светот поради пандемијата со Ковид-19.