По повеќе од една година граничниот премин „Евзони“ од денеска се отвора. Сите државјани на Македонија кои сакаат да влезат во Грција ќе треба да приложат негативен ПЦР-тест, писмен доказ за пимени две дози вакцини против ковид или позитивен резултат за антитела.

Оваа информација вчера на својот „Фејсбук“ профил ја потврди и премиерот Зоран Заев, кој во Атина учествуваше на Економскиот форим Делфи, каде се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Засега на ГП „Богородица“ е тивко, но се очекува дека голем број на граѓани ќе ја искористат можноста да заминат на море за продолжениот викенд. Овој граничен премин најчесто го користат и граѓаните на Србија кои патуваат на летување преку Македонија.

Границите на Грција веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици. Прекуграничните поминувања беа само за одредени категории граѓани.

ПРЕТХОДНА ВЕСТСилна поддршка од Грција за старт на преговорите, Заев побара од Атина да помогне за спорот со Бугарија
СЛЕДНА ВЕСТНУК со предлози до Комисијата за заразни болести за работата на угостителските објекти