УНИ банка доби признание за особен придонес во развојот на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје. Признанието ѝ беше доделено на банката по повод 70-годишнината на факултетот за интензивните заложби на банката за помош на студентите нудејќи различни можности за обуки и нивно вработување.
„Кога станува збор за високото образование и квалитетот на кадрите потребен за одржување на развојот во многу сектори, УНИ банка секогаш била и ќе биде поддржувач на идејата за помагање на образовниот систем во земјата, заложувајќи се за подобра и поодржлива иднина, во која младите генерации ќе бидат дел од претприемаштвото и бизнис секторот. Ова ќе изигра клучна улога во базата на знаења и човечките ресурси потребни за промовирање и одржување на развојот во многу сектори во земјата“, велат од УНИ банка.