Home БИЗНИС Угостителите ќе работат до 21 часот, после тоа излегување надвор само за неопходна потреба

Угостителите ќе работат до 21 часот, после тоа излегување надвор само за неопходна потреба

0
Угостителите ќе работат до 21 часот, после тоа излегување надвор само за неопходна потреба

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

На седницата e донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.