Вчеравечер Трамп се обрати од говорницата во Белата куќа при што упати обвинувања за изборни нерегуларности чија цел е да му се украде изборната победа
Во анализите подоцна, експертите, политичарите и медиумите оценија дека тој не понудил никаков доказ за обвинувањата, а говорот го оценија како скандалозен и досега невиден во американската историја
Разликата меѓу кандидатите за претседател на САД во клучните држави денеска се намали уште повеќе и Доналд Трамп и Џо Бајден се доближија еден до друг на помалку од еден процент во Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Невада и Аризона.
Податоците што ги објавуваат американските медиуми покажуваат дека предноста на Доналд Трамп во Џорџија сега се сведе на само 1 805 гласа, при што остануваат уште околу 14 097 гласа пребројување.
Според тамошните власти, нема да има броење на гласовите во текот на ноќта.
Во Пенсилванија очекуваат до денеска да пребројат најголем број од гласовите. Според секретарот на оваа држава, Кети Буквар мора да бидат обработени уште неколку стотици илјади гласови, како и дека не е запозната дека има повреда при гласањето.
Досега се преброени околу 89 проценти од гласовите, а во таа сојузна држава и врз основа на тој број, води Доналд Трамп со 50 проценти од гласовите, додека Бајден има 48,8 проценти. Од оваа држава кандидатот добива 20 изборни гласови.
Во текот на ноќта, американската поштенска служба, во согласност со локалните судски налози, изврши претрес во своите магацини во тие сојузни држави за да ги издвои сите гласови испратени по пошта до денот на изборите и да ги проследи до изборните комисии.
Кандидатот за демократски претседател Бајден, според проценките на американските медиуми, води во бројот на изборни гласови пред актуелниот претседател Трамп и има меѓу 253 и 264 гласачи во зависност од проценката на индивидуалните медиуми за тоа дали тој ја „освоил“ Аризона или не.
Трамп има 213 изборни (електорски) гласови и во таа проценка американските медиуми се единствени. За да се победи на изборите во Америка, потребно е да се освојат 270 електорски гласови.