Home БИЗНИС КОМПАНИИ Стопанска банка ги менува провизиите за платен промет со странство

Стопанска банка ги менува провизиите за платен промет со странство

0
Стопанска банка ги менува провизиите за платен промет со странство

Почнувајќи од 01.10.2020 година, Стопанска банка АД – Скопје ќе изврши промена на начинот на пресметка и наплата на трошоците за платен промет со странство.

Трошоците за водење на сметка ќе бидат базирани на промет во текот на еден календарски месец и тоа:

  • Девизен промет во противвредност до 100 илјади мкд- провизија во износ од 60,00 мкд
  • Девизен промет во противвредност од 100 до 500 илјади мкд -провизија од 100,00 мкд
  • Девизен промет во противвредност од 500 до 1 милион мкд- провизија од 200,00 мкд
  • Девизен промет во противвредност над 1 милион мкд- провизија од 300,00 мкд

Банката воведува провизија за изготвување на изводи во износ од 10,00 мкд по извод.

Наплатата на наведените провизии ќе се врши на почетокот на следниот календарски месец за провизијата од претходниот месец. Првата наплата на провизии согласно новиот начин ќе започне да се извршува со почеток од 1.11.2020 година.

Наведената промена претставува усогласување на тарифните ставки согласно пазарната практика.