Home Uncategorized Се зголемува интересот за вакцинација, граѓаните да се пријавуваат за да добијат термин

Се зголемува интересот за вакцинација, граѓаните да се пријавуваат за да добијат термин

0
Се зголемува интересот за вакцинација, граѓаните да се пријавуваат за да добијат термин

Граѓаните да се пријавуваат на веб страницата vakcinacija.mkзаради тоа што тоа е најпрактичниот механизам и начин да се стигне до соодветен термин за вакцина против Ковид-19.

Ова е апелот што вчера го упати министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека вакцинацијата се одвива добро, вакцинирани се околу 110 илјади граѓани од кои 23 илјади се ревакцинирани, а сега се вакцинираат 170 илјади граѓани кои се пријавиле на vakcinacija.mk до 30 април.