„Пред да добие ново директорско место во друго јавно претпријатие, Ејуп Рустеми, според Законот за јавните претпријатија, до сега требал да биде: Повикан на одговорност за повеќекратно поднесување на негативен извештај за работа (член 5 од Законот за јавни претпријатија); Повикан на одговорност од страна на Управниот одбор (член 19 и 24 од Законот за јавни претпријатија); Повикан на одговорност затоа што не ги отстранил негативностите во работењето во рок од 6 месеци (член 23-а од Законот за јавните претпријатија); Да одговара солидарно и неограничено за нанесената штета (член 24 од Законот за јавните претпријатија);Разрешен од функцијата (член 24-а од Законот за јавните претпријатија)“, соопштуваат денеска од „Твоја“

„Уништено е јавно добро, нанесена е огромна штета и едно јавно претпријатие е доведено до пропаст

Во таква ситуација тој кој што раководел треба да биде санкциониран (Управен одбор, Надзорен одбор и директор) и против истиот треба да биде покрената постапка врз основа на член 353 од Кривичниот законик – Злоупотреба на службената положба и овластување.

Граѓанските организации реагираа за ниските критериуми за избор на директор на јавно претпријатие, но ниските критериуми не ослободуваат никого од одговорност.

„Партиите на власт, без оглед на последиците кон јавното добро и економијата воопшто, со потегот на назначување/наградување на директор на државни патишта, докажува дека тесно политичките пазарења и партиски интереси само ја продолжуваат праксата на поделба на пленот наречен власт“.

ТВОЈА партија бара одговорност од директорот, Управниот и Надзорниот одбор за нанесената штета на државата и на граѓаните“, посочуваат оттаму.

ПРЕТХОДНА ВЕСТПремиерот бара Лидија Димова да биде разрешена од директорската функција
СЛЕДНА ВЕСТРусковска: Н.Г. е испитан за перење пари уште пред да побегне