Микро и мали компании, трговци поединци и занаетчии ќе можат да аплицираат за третата бескаматна кредитна линија на Развојната банка во износ од 31 милион евра.
Средствата е обезбедени преку EU4Reselience ИПА програмата на Европската Унија во висина од 30 милиони евра, а еден милион евра се обезбедени од наменските програми на Владата за справување со Ковид-19.
Јавниот повик е објавен денеска, а се очекува да бидат поддржани околу 2.000 микро и мали економски субјекти.
Ќе можат да аплицираат компании кои имаат пад на приходите од април до август од најмалку 20 отсто во споредба со минатата година.
Минималниот износ за кој ќе може да се конкурира е три илјади евра, а максималниот износ за трговците поединци и за занаетчиите е 5 илјади евра, а за микро и малите компании 15 милиони евра.
Кредитите се на три години, без камата, со вклучен грејс период од шест месеци. Барањата ќе може да се доставуваат од 16 декември од 00:01 часот до 30 декември во 23:59 часот.
Повикот во целина може да се види на следниот линк.