Македонската економија официјално е во рецеција. Бруто домашниот производ во два последователни квартали забележува пад. Во третото тримесечје падот е  минус 3,3 отсто, а во второто – 14,9 отсто пад на БДП. Според Државниот завод за статистика најголемо намалување има во извозот и тоа за 6,8 отсто и во финалната потрошувачка за 1,4 отсто. За Владата, падот на БДП е очекуван и нема да ги надмине нивните проекции.

„Имајќи го во предвид трендот кој е на нагорна линија очекувам дека ќе ги надминеме и проекциите кои ги имаме за 2020 и нема да имаме поголем пад на економијата од 4,5 отсто односно би требало да се движи од 4,2 до 4,5 отсто“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Целосната статија може да ја прочитате на : https://alsat.mk/mk/makedonija-vleguva-vo-retsesija-negativen-rast-i-vo-tretiot-kvartal/

ПРЕТХОДНА ВЕСТПовик за аплицирање за нова бескаматна кредитна линија од Развојна банка
СЛЕДНА ВЕСТФилипче и Коцарев разговараа за зголемување на капацитетите за тестирање за Ковид-19 во МАНУ