Но за влез потребно ќе биде приложување на негативен ПЦР-тест, писмен доказ за пимени две дози вакцини против ковид или позитивен резултат за антитела

Граничниот премин „Евзони“ од денеска се отвора за сите државјани на С Македонија, но за влез потребно ќе биде приложување на негативен ПЦР-тест, писмен доказ за пимени две дози вакцини против ковид или позитивен резултат за антитела.

Оваа информација вчера на својот Фејсбук профил ја објави премиерот Зоран Заев кој во Атина учествуваше на Економскиот форим Делфи, каде се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој му ја потврдил информацијата.

„Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин ‘Евзони’ за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела“,

Границите на Грција, веќе една година се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици. Прекуграничните поминувања беа само за одредени категории граѓани.