Благородните метали претрпеа силен удар на крајот на трговската недела. Цената на среброто потона за скоро 10 проценти за унца, а унцата злато вредеше само 1.850 долари, пренесува порталот seebiz.

Причината за падот може да се бара во посилниот долар, и повисоките приноси на американските обврзници. Сепак, ваквиот пад е изненадувачки, бидејќи веста за демократската победа во Сенатот и поврзаната веројатност за уште поголеми стимулации, треба да одекнуваат позитивно.

Аналитичарите веќе зборуваат за златото кој го изгуби статусот на безбедно прибежиште. Имаше многу одливи од ЕТФ поврзани со инвестиции во злато, а инвеститорите најмногу се заинтересирани да инвестираат пари во крипто-валути.