За 1 денар поскапеа цените на бензините по последната одлука на РКЕ.
Тоа значи дека од денес на бензинските станици ширум државата ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи поскапо.
Имено, они кои возат автомобили на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе го плаќаат 73,00 ден.по литар, додека ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се плаќа по 75,00 ден. за литар.
Цената на дизелот не се менува и неделава ќе се точи по иста цена како и претходната недела , односно 63,50 (денари/литар).