Словенечката „НЛБ Групација“, по преземањето на српска „Комерцијална банка“, планира да се прошири и на албанскиот пазар

Ваквите планови ги најави на групацијата Блаж Бродњак, кој за српските медиуми истакнува дека, сепак, во моментов е најважно да се комплетира преземањето на српската банка.

Засега работиме на интеграција на две банки (Комерцијална и НЛБ Белград) во Србија и сметаме дека тоа ќе заврши до крајот на април следната година. Во меѓувреме, ние веќе размислуваме потенцијално за влез во Албанија, бидејќи на тој начин ќе станеме единствената банка што е присутна на сите шест пазари на Западен Балкан и на заедничкиот пат кон Европа – вели Бродњак.

Како што нагласува тој, на тој начин, групата НЛБ може да биде единствената што ги покрива и поддржува трговските и финансиските текови во целиот регион.