Државата за едни е мајка за други маќеа. Дискриминација е да нема к-15 за оние работници кои беа херои на пандемијата, а да добијат тие кои со месеци седеа дома. Административците лути на Владата откако кажа дека со ребалансот на буџетот ќе има 4 милиони евра за регрес но само за околу 27.000 административци, а ќе нема за над 100.000 од јавниот сектор. Или без регрес за годинава ќе останат вработените во здравството, полицијата, војската,образованието – оние кои беа во првите борбени редови во борбата со пандемијата.
Првиот човек на синдиктот Дарко Димовски не гледа вина во синдикатот. Се надева дека идната недела ќе го убедат премиерот дека К-15 треба да добијат сите административци.
Синдикалците од здравство пак се децидни дека без регрес не може да останат оние кои беа херои на пандемијата.
Од Конфедерацијата на слободни синдикати бараат веднаш да се донесе општ колективен договор кој ќе ги опфати сите вработени во администрацијата. Велат не може државата за едни да е мајка за други маќеа.
Од синдикатот на полицијата пак се заканија со протест.
Премиерот Заев вчера рече дека мора да го почитуваат договорот со Синдикатот на УПОЗ, бидејќи државата ќе треба ги натплати парите преку извршители. Со колективниот договор кој е потпишан уште 2019 година, по над 150 евра К-15 ќе добијат вработените во министерствата, општините, судовите, обвинителствата, затворите, центрите за социјална работа, јавните установи формирани од Владата и во други основани од Собранието.