Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија, Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер.

Настанот е закажан за во 13:30 часот на меѓуграничниот премин на македонската и српската граница.

Инаку, првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4.680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ.

Со вакцините на „Фајзер“ кај нас официјално започна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници.

Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.